Експерименталната вакцина против КОВИД-19 која ја подготвува Кина беше примена од милион луѓе и немаше пријавено никакви негативни ефекти меѓу примателите на вакцината од фармацевстката компанија „Синофарм“, соопштија властите. Извршниот директор на Синофарм, Лиху Џинџен, изјави дека се вакцинирани милион луѓе и никој од нив немал сериозна негативна реакција.
Тој изјави дека на 6ти Ноември вакцината била примена од 56 илјади луѓе, кои потоа патувале во странство. Синофарм ја спорведе третата фаза на тестирањето на вакцината во која учествуваваа 60 илјади луѓе од 10 земји во кои спаѓаат и Бахреин, Египет, Јордан, Аргентина и Перу.
Коментари
Loading…