in ,

WTFWTF Што?Што?

Кинеските научници први во светот клонираа волк

Кинеските научници се првите во светот што клонираа арктички волк, изјави извршниот директор на службата за клонирање домашни миленици Sinogene.

„Првиот клониран арктички волк во светот е роден пред сто дена. Организиравме прес-конференција за да ве информираме за овој значаен зафат и чекор напред во областа на заштитата и одгледувањето на загрозени диви животински видови“, рече тој.

Патем, во 2016 година, компанијата Синоген го клонираше првиот клон на куче користејќи го методот на уредување на гени.

 

Компанијата Синоген соопшти дека волкот се вика Маја и дека е во добра здравствена состојба. Клетката за клонирање е земена од кожата на женски поларен волк во дивината. Сурогат мајката која ја роди Маја беше женско куче-бигл. Кучката е избрана за сурогат мајка бидејќи има исто генетско потекло како поранешните волци, што ја зголемило шансата за успешно клонирање.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote