Менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп вели дека ќе се намачи да ја заврши сезоната со здрави играчи и изјави дека и другите екипи ќе имаат таков проблем доколку распоредот на натпреварите не биде поправен. Тој за време на интервјуто на Скај Спортс ги искритикува организаторите на лигата. Ливерпул ќе се соочи со Аталанта во среда, само 3 дена по натпреварот со Лестер.
„Сите се жалат дека навистина им е тешко особено на играчите. Доколку не се промени нешто во врска со распоредот сите сме готови. Доколку играме секоја среда и сабота не сум сигурен дека ќе ја завршиме сезоната со 11 здрави играчи. Доколку некој ми каже дека играчите се платени да играат ќе се налутам бидејки во нивните договори не постои ковид-сезона“ изјави лутиот Германец.
Коментари
Loading…