in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Колачиња со лешник и чоколаден прелив

Состојки:

  • – 150 гр мелени печени лешници
  • – 300 гр остро брашно
  • – 150 гр шеќер
  • – 170 гр путер
  • – 1 лажичка прашок за пециво
  • – 1 јајце

Прелив

– темно чоколадо за декорација

Подготовка:

Соединете ги сите состојки и направете ронливо тесто. Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.

Земете делови од тестото и направете топчиња со големина на орев. Ставете го во тавче обложено со хартија за печење и секое топче притиснете го малку со дното на чашата.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Кога бисквитот ќе се излади, посипете го со растопено чоколадо.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote