in ,

Што?Што?

Колку би можело да чини синтетичкото гориво?

Во Porsche сметаат дека индустриското производство на синтетички горива може да обезбеди цена пониска од две евра за литар.

Европската Унија планира да ја забрани продажбата на нови автомобили на бензин и дизел во 2035 година, со еден исклучок – ако тие се напојуваат со климатски неутрално синтетичко гориво. Која е неговата иднина?

Па, не е лоша, затоа што компаниите како Porsche и Toyota се обидуваат со сите сили да ја започнат таа индустрија, што би им овозможило да го продолжат животот на нивните икони како 911 или Land Cruiser.

Porsche веќе има функционален пилот-проект, фабрика за производство на е-гориво во Чиле, на локација каде постојано се забележуваат удари на ветер до 120 км/час. Затоа, електричната енергија за производство на гориво се добива со користење на ветерни електрани.

Почнувајќи од оваа година, пилот-централата се очекува да произведува околу 130.000 литри таканаречено е-гориво годишно. Porsche ќе ја преземе оваа сума во целост и првично горивото ќе го користи во спортските натпревари.

Во иднина, Porsche планира да ги користи овие синтетички горива во своите модели со мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи ги и класиците. Во германската компанија сметаат дека преку индустриското производство на синтетички горива е можно да се обезбеди цена помала од две евра за литар.

Исто така, некои производители на моторни масла веќе ја споменуваат можноста синтетичките горива да чинат околу 80 центи за литар.

Е-горивата произведени од вода и јаглерод диоксид од воздухот, со примена во автомобили, авиони и бродови, имаат предност во однос на чистиот водород бидејќи може полесно да се складираат и транспортираат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote