Apple не престанува да бележи добри резултати кога станува збор за продажбата, а бројките се зголемија само откако iPhone 12 се појави во продажба.
Шефот на компанијата од Купертино, Тим Кук, за Ројтерс изјави дека растот на продажбата во Кина е клучен во претходниот период, потенцирајќи дека продажбата на уредите со iPhone 12 достигна нови рекорди.
Финансискиот директор на „Јабука“, Лукас Маестри, објави дека во моментов се користат дури 1,65 милијарди модели на iPhone – што е многу импресивна бројка.
Генерално, овој квартал беше многу успешен за Apple, бидејќи заработија повеќе од 111 милијарди долари.
Коментари
Loading…