in , ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА НА ОВОШЈЕ И ЧОКОЛАДА: Најубавите и кремасти слатки кнедли се прават за околу половина час (РЕЦЕПТ)

Еден од омилените десерти на нашите простори има многу варијанти, и ова е еден од најубавите

 

Ако сакате да направите кнедли малку поразлични од класичните, ова е рецептот токму за вас.

Состојки:

За тестото

 

  • 120 грама инстант пире
    400 милилитри ладна вода
    2 лажици масло
    јајце
    200 грама брашно
    малку сол

За фил

 

  • 200 грама џем од кајсија
    200 грама малини

За наросување

 

  • 200 грама чоколадо за готвење
    2 лажички какао

Подготовка

Ставете ги наведените состојки за тестото во сад и рачно замесете средно тврдо тесто и од него формирајте издолжен леб. Исечете парчиња од тесто со нож, раширете го секое на дланка, а потоа ставете џем и неколку замрзнати малини во средината.

 

Добро затворете ја секоја кнедла и варете во врела вода додека не исплива на површината. Извадете ги кнедлите со лажица и оставете ги да се исцедат на хартија.

 

Ситно изрендајте го чоколадото за готвење и измешајте го со какао, а потоа превртете ја секоја кнедла во неа и послужете ја веднаш.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote