Властите на Јапонија плаќаат оштета од 44.2 милиони јени доколку почине член од семејството поради компликации од примањето на вакцината за Ковид-19. Сумата, која е нешто повеќе од 300 илјади евра е највисоката сума која може да ја добиете поради смрт од вакцината за Ковид.
Оваа информација беше потврдена од министерот за здравство на државата, Норихиса Тамура, кој ги објасни правилата за компензација пред членовите на буџетскиот комитет на Јапонија.