Заборавете на супите од кеса! Направете домашна крем супа од печурки и слободно помешајте неколку видови.
Потребни состојки:
- 500 г печурки (буковки, шампињони, вргањ,..)
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 200 мл бело вино
- 200 мл кисела павлака
- Путер
- Магдонос
- Сол, бибер
Начин на приготвување:
1. Исечкајте ги печурките на ситно и динстајте ги на путер. Додадете ги ситно исечканиот кромид и лукчето, а потоа и виното и динстајте додека алкохолот не испари.
2. Додадете вода за да ги прекрие печурките, зачинете и варете на тивок оган додека печурките не омекнат.
3. Тргнете од оган, изблендирајте или измешајте со миксер, додадете павлака и поросете со магдонос.
4. Послужете со црно домашно лепче.
На здравје! 🙂
Коментари
Loading…