in

СмешноСмешно

КУБА СО „СМЕШНА“ МЕРКА! „Не доаѓајте со долари, не ги прифаќаме!“

Куба им порача на туристите да не носат долари со себе кога ќе дојдат на овој карипски остров, бидејќи американската валута повеќе нема да биде прифатена во земјата, смета Франсиско Мајобре Ленсе, првиот потпретседател на кубанската централна банка.

„Луѓето кои ќе дојдат во земјата во текот на овој период ќе мора да дојдат со друга валута наместо доларот“, изјави високиот функционер, цитиран од владејачката Комунистичка партија на Куба.

На туристите ќе им биде дозволено да користат платежни картички, како и да подигнуваат готовина во други валути.

Претходно минатата недела, кубанската влада објави дека банките во таа земја привремено ќе го прекинат прифаќањето готовина во долари.

Хавана ги наведе острите санкции на САД како причина за спречување на земјата да го користи зелениот фонд за плаќање во странство.

Двете мерки ќе стапат на сила на 21 јуни, а нивното времетраење ќе зависи од укинување на американските санкции, се наведува во тогашното соопштение на централната банка.

Повеќе од 20 банки во светот престанаа да ги обработуваат трансакциите со долари со Куба во странство, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги прошири постојните санкции против таа земја.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote