in

Лацио остана без ЛШ по поразот од Рома!

Во дербито на главниот град на Италија, Рома беше подобра од ривалот Лацио на домашен терен.

Волчицата на својот стадион Олимпико стигна до победа со 2:0 во 37 коло од италијанската Серија А. Рома им ја скрати можноста на својот гратски ривал Лацио да настапи во Лигата на Шампиони следната сезона со овој пораз.

Стрелци на головите на овој натпревар за домаќините беа Миктаријан и Педро. Моментално Лацио се наоѓа на шестата позиција со освоени 67 бодови, додека Рома е една позиција подоле со 61 бод.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote