in

ТаженТажен

Лебед кој не сакаше да се оддели од мртвиот придружник запре 20 воза!

Лебедот, кој остана без својот придружник, скоро еден час чуваше околу 20 возови во централна Германија, на линијата што ги поврзува Касел и Гетинген, објави германската полиција.

Птицата не сакала да се одделува од шините, каде лежел нејзиниот мртов придружник, кој најверојатно бил убиен кога налетал на електрични кабли.

Железничкиот сообраќај продолжил кога пожарникарите успеале да намамат и да го извадат лебедот од шините.

Полицијата ги соопшти деталите за настанот што се случи вчера на 23 декември.

Според здружението за заштита на птици, лебедите живеат во парови и се обидуваат да останат заедно цел живот.

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote