Семејство од Ворингтон, Англија, доживеа голем шок кога им се врати мачка, за која не само што мислеа дека е мртва, туку беше и кремирана.
Имено, 16-годишната мачка Френки исчезна од нивниот дом на 19 мај, а неколку дена подоцна, сопственичката Рејчел Фиксимонс пронајде слична мртва мачка на блискиот автопат, а семејството, мислејќи дека е нивно милениче, плати за кремирање .
Тие беа шокирани кога нивниот Френки подоцна се појави жив и здрав.
“Тоа е чудо. Мислевме дека е мртов”, изјави седумгодишниот син на Рејчел, Реми.
Откако ја пронашле мртвата мачка, семејството го кремирало телото и ја однеле пепелта дома.
“И тогаш тој се врати дома, гладен и слаб, но жив. Изгледа како да кремиравме туѓа мачка”, заклучи сопственичката Рејчел.
Коментари
Loading…