Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе биде надвор од терените барем еден месец и ќе го пропушти четврт-финалето против ПСЖ, соопштија од клубот. 32 годишниот напаѓач заработи повреда за време на натпреварот на Полска против Андора во кој постигна 2 погодоци.
„Тој заработи мала повреда на лигаментите во десното колено и мора да паузира еден месец“ соопштија од клубот. Тој моментално е во Германија на лекување откако се врати од Полска веднаш по натпреварот во квалификациите.
Коментари
Loading…