in

Ливерпул доби нов дефанзивец! Конате се сели на Енфилд!

Ливерпул се договори со францускиот дефанзивец Ибрахима Конате и од следната сезона ќе го гледаме во црвениот дрес.

Францускиот дефанзивец, кој има наполнето само 22 години, се договори со Ливерпул и Англичаните ќе мора да платат сума во висина од 35 милиони фунти за неговите услуги. „Ова е многу возбудлив момент за мене и моето семејство“ изјави Конате.

Конате е дел од фрацуската репрезентација за под 21 година и ќе игра на Европското Првенство за млади кое ќе започне во понеделник. Со овој трансфер, Ливерпул ја зацврстува својата одбрана и ги покажува амбициите за следната сезона.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote