Ливерпул се врати во битката за најдобрите 4 во Премиер Лигата откако успеа да ја победи екипата на Арсенал со 0-3 на Емирати стадионот. Со оваа победа, екипата на Клоп се најде на само 2 бода зад Челси, кој киксна во дуелот со ВБА.
Првиот гол беше постигнат дури во 64та минута и беше дело на Диого Жота. Мохамед Салах го постигна вториот погодок, а Жота и втор пат се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат на натпреварот.
Коментари
Loading…