in ,

WTFWTF Што?Што?

Луксузниот стан на Роналдо со 17 соби, чини 280.000 евра месечно

Португалскиот напаѓач стана уште побогат човек со преселувањето во Саудиска Арабија минатата недела, а живее во сместување погодно за крал, кое му нуди најдобар поглед на главниот град во најубавото опкружување.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, кој потпиша договор вреден повеќе од 450 милиони евра за во голема мера непознатиот клуб Ал Наср од саудиската Про лига, живее во една од највисоките згради во земјата – Kingdom Tower.

Сместен е во еден од најдобрите апартмани што Ријад може да ги понуди. Станот има 17 соби во кои живее неговото семејство, пријателите и чуварите.

 

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња едвај мора да крене прст бидејќи сите негови потреби се задоволени во луксузниот апартман на хотелот Four Seasons каде најголемите соби покриваат повеќе од 900 метри.

Хотелската сметка за Роналдо и неговата придружба се проценува дека надминува 280.000 евра кога тој ќе се одјави и ќе најде постојан дом за својата партнерка Герогина Родрогиес и нивните пет деца.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote