in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 9 ЈАНУАРИ

Времето денес:

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд.

Денес претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote