in ,

Што?Што?

Мајката на Роналдо не е голем фан на Џорџина – мисли дека ќе профитира од бракот со Роналдо

Џорџина Родригез, девојката на најпознатиот фудбалер на светот Кристијано Роналдо е главна ѕвезда на новиот документарен филм на Нетфликс “Јас сум Џорџина” во кој се прикажува нејзиниот живот.

За деталите на нивната врска проговорила во докуменарецот, а и понатаму се шпекулира за причините зошто Роналдо и таа не се венчани.

Од друга страна, шпанските медиуми наведуваат дека причината е мешањето на мајката на Роналдо, Долорес Алвеиро бидејќи смета дека Џорџина ќе профитира од бракот со Роналдо.

Како што се зборува, Роналдо и Џорџина имаат добар однос, меѓутоа оваа убавица и понатаму чека нејзиниот партнер да го постави судбоносното прашање.

“Моментално сме зафатени со животите на нашите деца, но и некои идни планови за кои не можам да зборувам”, рекла таа.

Извор близок до фудбалерот вели дека Долорес нема да дозволи нејзиниот син да се венча со Џорџина, бидејќи таа ќе ги искористи неговите пари за лични цели, а со ова мислење се согласуваат и браќата на Роналдо и неговата сестра.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote