Репрезентацијата на Македонија го шокираше четирикратниот светски првак Германија во возбудлив натревар кој се одигра во Берлин. Најпрвин нашите фудбалери поведоа во последната минута од првото полувреме преку голот на Горан Пандев.
Во 63тата минута Гундоган беше прецизен од белата точка. Но нашите репрезентативци не се предаваа до крај и успеаја да стигнат до заслужената победа преку одличната акција која ја заврши Елиф Елмас.
Со оваа победа, Македонија ја прекинува низата од 35 натпревари без пораз на Германците кога се во прашање натпреварите во квалификациите за Светско првенство.
Коментари
Loading…