in

СмешноСмешно

Мечка влезе во двор во Калифорнија за да се разлади во базен (ВИДЕО)

Екстремните горештини зафатија делови од САД, вклучително и Калифорнија.

Полициската управа во Бурбенк објави видео на социјалните мрежи од мечката како прска наоколу и бега од топлината, пред да се качи на дрво.

Коментарите под видеото ја фалат снаодливоста на животното бидејќи успеала да најде идеално решение за неверојатните горештини.

„Таа сигурно знае како да се олади“, „Можете ли да ја обвините? Доволно е паметна да се снајде“, „Мило ми е што најде место за капење“, „Не можела да ја поднесе топлината“, се само некои од коментарите од корисниците на социјалните мрежи.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote