in

Медењаци со чоколадо

Слатко задоволство во кое ќе уживате.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 60 гр мед
  • 600 гр брашно
  • 1 кесичка цимет
  • 250 гр шеќер во прав
  • лажичка сода бикарбона
  • 200 гр црно чоколадо

Подготовка:

Изматете ги јајцата, а потоа додадете мед, шеќер во прав, цимет и брашно. На крај додадете сода бикарбона и замесете тесто.

Оставете го да отстои преку ноќ на студ, а потоа следниот ден направете помали топчиња, притиснете ги со дното на чашата и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете во рерна загреана на 180 степени, додека не добијат убава боја.

Кога ќе се изладат, прелијте ги со стопено чоколадо.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote