in

Медицинската сестра која ја прими вакцината на BioNTech и Pfizer се онесвести во живо! [ВИДЕО]

Медицинска сестра по име Тифани Довер, која даде изјава пред новинарите откако ја прими вакцината за коронавирус во американската држава Тенеси, се разболе и се онесвести во живо.

Медицинската сестра Тифани Довер, која ја прими вакцината против коронавирус, развиена од БиоНТех и Фајзер во државата Тенеси, се онесвести кога даваше изјава за печатот по вакцинирањето.

„Имам вртоглавица“, рече Довер, држејќи го челото додека зборуваше, и откако застана некое време, таа се онесвести.

Во тој момент, нејзините колеги ја направија првата интервенција врз Довер.

Довер по закрепнувањето изјави дека обично паѓа во несвест кога чувствува страв и болка.

Лекарите од болницата објасниле дека несвестицата на Довер не е поврзана со содржината на вакцината. “Ова е многу честа реакција што може да се појави по секоја вакцина. Нема причина да се сомневате дека е предизвикана од вакцината”, рече лекарот Џеси Такер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote