in

ДОНАЛД, ШТО ПРАВИШ? Меланија Трамп е во заблуда поради сопствениот сопруг!

Поранешната прва дама на САД се обидува на секој начин да го разбере однесувањето на нејзиниот сопруг.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одби да ги прифати изборните резултати, а извор запознат со ситуацијата тврди дека неговата сопруга Меланија се обидува да го убеди да ги прифати резултатите и да го признае поразот, пренесува Си-Ен-Ен.

Се додава дека неговиот советник и зет Кушнер, кој ја надгледувал неговата кампања од Белата куќа, исто така се обидел да го убеди да го стори тоа.

И покрај тоа, Трамп продолжи да прави правна стратегија за оспорување на изборните резултати во судовите.

Како што се наведува, тој во моментов не планира да го покани Бајден, избраниот претседател, во Овалната канцеларија на традиционалниот состанок на сегашниот и претстојниот претседател, што е вообичаена постапка што се смета за мирен трансфер на власта.

Се додава дека Трамп денес повторно дојде во неговиот голф-клуб во Стерлинг, Вирџинија, каде го пречекаа демонстранти кои извикуваа дека е губитник.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote