Перформансот на Лионел Меси „може да биде подобар“, но капитенот на Барселона е „среќен“, изјави новиот менаџер на Барселона Роналд Коман. Аргентинскиот напаѓач, 33, се обиде да го напушти клубот ова лето. Тој постигна само еден погодок оваа сезона.

„Немам никакви критики и жалби за неговиот напор. За сега неговите перформанси на натрепварите можат да бидат подобри. Но тој изгледа среќно, сака да игра и да биде капитен на екиптата.“ изјави Коман. Барселона вечерва се сретнува со Унгарската екипа Ференцварос во рамките на Лигата на Шампионите во 9 часот.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…