in

Што?Што?

МЕТЕОРИТ ПРОДАДЕН ЗА НАД 11.000 ЕВРА

Камен колку зрно грав, којшто потекнува од метеорит кој лани падна во англискиот град Винчкомб, беше продаден на наддавање за многу повеќе од вредноста на злато со иста тежина.

Метеоритот наречен „Винчкомб“ се смета за најскапиот вселенски камен што некогаш бил пронајден во Обединетото Кралство. Содржи чиста хемија којашто сведочи за создавањето на Сончевиот Систем. Станува збор за метеорит oд 1,7 грама, чија цена ги надмина предвидувањата достигнувајќи 9.256 фунти (11.085 евра). Вториот, а поголем фрагмент достигна цена од 20.000 фунти, но неговата вредност во однос на тежината, е помала.

Куќичката за куче погодена од друг фрагмент од метеорит, којашто има дупка на покривот, не ги исполни очекувањата. Се проценуваше дека ќе достигне цена до 220.000 фунти, но се продаде „за само“ 32.000 фунти. Камчето што ја проби куќата е продадено за 15.700 фунти.

Малите остатоци од метеорит што експлодира над рускиот град Чељабинск во 2013 година се продадени за речиси 3.000 фунти, што е двојно повеќе од проценката.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote