in

Милан не се откажува од Оливие Жиру!

Милан сеуште се обидува да го ангажира стрелецот на Челси, Оливие Жиру откако испратија нова понуда.

34 годишниот напаѓач на Сините доби продолжување на договорот на уште една година и со тоа ги отстрани сомнежите дека ќе им се приклучи на Росонерите во бесплатен трансфер.

Но и покрај продолжувањето на договорот, Милан не се откажува од ангажирањето на Жиру. Тие испратија нова понуда на Челси. Бакајоко исто така се наоѓа на трансфер листата на Милан и ќе се обидат да го ангажираат играчот за врска во пакет со Французинот, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote