in

НБА: Милвоки се на чекор до големото финале!

Милвоки Бакс стигнаа до третата победа во петтиот натпревар во серијата против Атланта Хокс со резултат 123-112 на домашен терен.

Натпреварот го пропушти најголемата ѕвезда на Милвоки, Џанис Адетокумпо поради повреда на неговото колено, но четворица од нивните пет стартери успеаа да постигнат барем 22 поени.

Ѕвездата на вечерта беше центарот на Бакс, Брук Лопез. Лопез постигна 33 поени и му помогна на Милвоки да стигне на чекор до големото финале. „Мислам дека завршивме голема работа заедно како тим“ изјави Лопез по натпреварот. Мидлтон уфрли 26 поени, фати 13 скока и подели 8 асистенции, додека Џру Холидеј постигна 25 поени и подели 13 асистенции.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote