Златен монолит беше пронајден во Колумбија и овој е најубав од сите досега пронајдени. Можеби ова е дело на уметници, но можеби е дело на вонземјани, шпекулираат луѓето ширум светот. Се започна во Јута, потоа во Романија, па Калифорнија. Сега луѓето пронајдоа уште еден монолит, овој пат во Колумбија.
Овој монолит кој беше пронајден во општината Чиа во Колумбија минатиот викенд, е најинтересен досега. Монолитот е целосно златен, а локалното население верува дека овој е „монолит што ги контролира сите други“. Како и сите други, и овој монолит беше пронајден во ненаселено место и никој не знае како се појавил тука.
Коментари
Loading…