in

Што?Што?

Научниците открија дека мозокот комуницира со масните клетки

Истражувачите неодамна ги идентификуваа сензорните неврони кои носат пораки од масното ткиво до мозокот.

„Откривањето на овие неврони за прв пат покажува дека вашиот мозок активно ги набљудува вашите масни наслаги, наместо само пасивно да прима пораки за нив“, рече др. Ли Ји од Катедрата за хемија и хемиска биологија и вонреден професор по невронаука на „Scripps Research Institute“, кој е коавтор на студијата.

Студијата објавена во списанието Nature покажа дека мозокот може директно да испраќа пораки до масното ткиво и да влијае на метаболичките процеси на телото.

Водени од тим на истражувачи од „Scripps Research Institute“, авторите Ји и Ардем Патапутијан развија два нови методи за проучување на врската помеѓу сензорните неврони и масното ткиво. Прво, тие користеа пристап наречен „хибрид“, кој го направи ткивото на глувчето транспарентно и им овозможи да ги следат патиштата на невроните низ масното ткиво.

За да видат како функционираат невроните во масното ткиво, истражувачите користеле друга нова техника, која ја нарекле „рут“. Ова им овозможи селективно да уништат мали делови од сензорните неврони во масното ткиво за да набљудуваат што се случува.

Преку тие експерименти, истражувачите открија дека речиси половина од тие неврони не се поврзуваат со симпатичкиот нервен систем – мрежата на нерви што телото ја користи при реакција на “бори се или бегај” – туку се поврзани со областа на мозокот од каде потекнуваат сите сензорни неврони, кои се одговорни за активирање и испраќање сигнали до остатокот од нервниот систем за информациите што ги добиле.

Кога комуникацијата со сензорните неврони била замолчена, симпатичкиот нервен систем почнал да ги претвора белите масни клетки во кафени, кои потоа би можеле да согоруваат калории преку процес наречен термогенеза. Така, дојде до забрзан процес на согорување на маснотиите во телото.

Пред студијата, истражувачите веруваа дека нервите во масните наслаги главно се симпатичкиот нервен систем и дека тие се користат за согорување на маснотиите кога телото е под стрес или за време на вежбање. Врз основа на резултатите од ова истражување, тие шпекулираат дека два спротивставени нервни сигнали можат да работат заедно со симпатичкиот нервен систем за согорување на маснотиите.

Тимот се уште не знае точно какви пораки сензорните неврони пренесуваат до мозокот од масното ткиво, само дека врските и комуникациите се клучни за одржување на здрави масти, пишува Science Daily, пренесува Index.hr.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote