in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Мус од кафе

Кремаст десерт во кој ќе уживате.

Состојки:

  • 4 жолчки
  • 1 ванилин шеќер
  • 30 гр шеќер во прав
  • 1 лажица инстант кафе
  • 3 лажици ликер од кафе
  • 1 лажица какао
  • 50 гр бело чоколадо
  • 80 гр мелени бадеми
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка:

Во мала чинија ставете жолчки од јајце, ванилин шеќер, шеќер во прав, инстант кафе, ликер од кафе и какао.

Мешајте ја смесата со рака, а потоа варете ја на пареа, мешајќи постојано околу пет минути додека кремот не се згусне.

Потоа извадете го кремот од шпоретот.

Стопете го белото чоколадо на пареа, додадете ја смесата со жолчките и кафето.

На крај, промешајте ги мелените бадеми. Изладете го мусот, а потоа измешајте ја слатката павлака изматена во шлаг.

Подготвениот мус наредете го во шолји за сервирање и добро изладете го.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote