in

На Европско ќе може да патуваат 26 фудбалери од една репрезентација!

Репрезентавциите кои што ќе настапат на Европското првенство ова лето ќе можат да повикаат дури 26 играчи што можат да настапат на турнирот.

Со ова ново правило, репрезентациите добија додатни 3 фудбалери од првичните 23 и причината за ваквата одлука е интензивниот распоред на тимовите предизвикан поради пандемијата со коронавирусот.

Ова ќе им помогне на селекторите за одмор на играчите кои ќе им овозможи оптимално да ги употребуваат нивните вештини. Повредите, суспензиите и сличните ситуации ќе можат полесно да се менаџираат кога во екипата има 26 играчи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote