in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Овошни бомбици со кокос

Здрав десерт со овошје и кокос.

Состојки:

  • – 2 банани
  • – 40 гр печени мелени лешници
  • – 2 грст урми
  • – 100 гр кокосово брашно
  • – 2 лажици какао
  • – темно чоколадо

Подготовка:

Исчистете ги урмите од камењата, измешајте ги во мешалка заедно со лешниците.

Смесата префрлете ја во сад и додадете ја изгмечената банана.

Измешајте ги сите состојки, па додадете онолку кокос колку што е потребно за да направите смеса од која ќе формирате топчиња.

Готовите топчиња превртете ги во остатокот од кокосовото брашно или во растопено темно чоколадо.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote