in , ,

Што?Што?

На кинеските фудбалери забрането им е да се тетовираат

На фудбалерите кои играат за кинеската репрезентација им е забрането да се тетовираат, а на оние кои ги имаат им се советува да ги отстранат, соопшти Генералниот директорат за спорт.

Според Управата за спорт, ова би бил добар пример за општеството.

Во соопштението се наведува дека во посебни околности, можно е играчите да ги покријат своите тетоважи на тренинзите или натпреварите доколку остатокот од тимот се согласи.

На некои домашни фудбалски ѕвезди, како на пример репрезентативецот Занг Линпенг, веќе им е кажано да ја прикријат својата тетоважа.

Иако не се одобрени од владејачката Комунистичка партија, тетоважите станаа популарни меѓу младите Кинези. Кина ги заострува регулативите од средината на 2018 година за да спречи тетоважи да се појавуваат на телевизија.

Во кинеската култура, тетоважите носат стигма бидејќи во минатото се користеле за означување на криминалци, а дури и денес тетоважите се поврзуваат со криминални групи во Источна Азија.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote