Шпаннецот ќе игра полуфинале во Рим откако го совлада Александер Зверев.
Легендарниот Рафа одигра одличен натпревар и успеа да го совлада шестопласираниот тенисер на АТП листата, Александер Зверев во два сетови со резултат 6-3 6-4. Надал влезе во натпреваро со два брејка и стигна до сигурно водство.
Зверев доминираше во вториот сет, но не успеа да ги искористи битните гем топки и беше експресно казнет. На тој начин Шпанецот стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот кој се одржува во Рим.