in

СлаткоСлатко

Еве која е најсреќната земја на светот

Според World Happiness Report, најсреќна земја во светот, петта година по ред е Финска.

За минатогодишниот извештај, на луѓе од 156 земји им било побарано да го оценат својот сегашен живот на скала од нула до десет. Во предвид биле земени и факторите кои придонесуваат за социјалната поддршка, очекуваниот животен век, дарежливоста и отсуството на корупција.

Финскиот филозоф и психолог Френк Мартела од Универзитетот во Алто, кој ги проучува основите на среќата, изјави за CNBC.

„За да се одржи висок квалитет на живот, постојат три работи што Финците никогаш не ги прават“.

Според истражувањето од 2021 година, 87 отсто од Финците веруваат дека природата им е исклучително важна бидејќи им обезбедува мир на умот, енергија и релаксација. Во Финска, вработените имаат право на четиринеделен летен одмор. Многу Финци потоа одат на село и живеат во природа, со што е можно помалку удобности, дури и до тој степен што немаат ниту струја ниту вода.

 

Истражувањата покажуваат дека колку е повисоко нивото на доверба во една земја, толку посреќни се нејзините граѓани. Експериментот „Изгубен паричник“ во 2022 година ја тестирал чесноста на граѓаните со фрлање 192 паричници во 16 светски градови.

Во Хелсинки од 12 паричници, 11 им биле вратени на сопствениците.

„Финците си веруваат едни на други и ја ценат искреноста. Децата често се возат сами со јавен превоз и си играат надвор без надзор“.

„Совет за среќа, размислете како можете да создадете поголема доверба во вашата заедница и да ги поддржите методите за градење доверба. Малите работи, како придржување врата за странец или откажување од вашето место во јавниот превоз, веќе прават разлика“, вели психологот Мартела.

 

 

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote