Пронајдок што е способен за миење и сушење на косата како што прават луѓето.
Верувале или не, тоа постои.
Кинезот Ченг Гонгке го патентирал својот изум – машина за перење коса.
Машината може да ја измие и исуши косата како што прават луѓето.
Овој уред го направи со помош на моторциклистички шлем, кофа со вода и контролен панел, а секако има и ретровизори.
Апаратот за миење на косата има две брзини и е наменет за секој што не може или не сака да ја мие косата самостојно.
Машината нанесува шампон, го масира темето и ја исплакнува косата за околу три минути. Со примена на регенератор на косата и нејзино сушење со фен, целиот процес трае уште пет минути.
Првенствено е наменет за луѓе кои не можат сами да ја мијат косата, но и за сите што не сакаат да го прават тоа.
Коментари
Loading…