in

Ефтино решение: Како сами да си направите освежувач за воздух

Не мора да трошите пари и да купувате освежувачи за простории, направете си сами со состојките што веројатно ги имате во кујна.

Потребни ви се следниве состојки:

  • 500 мл вода
  • 4 пакетчиња желатин
  • 15 до 20 капки есенцијално масло (по избор)
  • 15 гр сол
  • прехрамбена боја за јадење (по желба)

Подготовка:

Во мал сад измешајте 250 ml вода, есенцијално масло и прехрамбената боја. Загревајте до точка на вриење и потоа тргнете ја од оган. Растворете ги желатинот и солта во топла вода и потоа додадете ги преостанатите 250 ml вода (ладна), а потоа добро измешајте (полека, за да не се формира пена). Истурете во тегли и оставете да се излади неколку дена пред употреба, бидејќи на желатинот му треба малку време да ги „сврзи“ состојките (теглите можете да ги ставите во фрижидер за да го забрзате процесот). Кога освежувачот ќе се олади, покријте го со капак, но предходно направете дупки врз капакот за да се шири мирисот.

Не заборавајте да додадете сол, бидејќи помага во борба против мувла.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote