in

Нарача ефтин iPhone – и доби огромно изненадување! [ФОТО]

Тинејџер од Тајланд стана вирална сензација откако нарача ефтин iPhone кој само доби масичка во форма на паметен телефон.

Неименуваниот тинејџер помислил дека наишол на одлична понуда, но остана прилично разочаран кога пристигна пакетот. Кутијата во која требаше да пристигне неговиот смартфон беше скоро висока како него, и затоа веднаш знаеше дека нешто не е во ред.

Кога ја отвори кутијата, имаше што да види.

Имено, внатре се наоѓаше масичка во форма на iPhone. Се покажа дека тоа е негова лоша проценка, имајќи предвид дека во описот на производот стои дека станува збор за масичка.

Тајландските медиуми јавуваат дека тинејџерот објавил на Facebook дека наишол на добра можност што не можел да ја пропушти.

Тој, наводно, напишал дека трошоците за испорака се малку поголеми, но тоа не го спречило да ја искористи можноста за „ефтин iPhone“.

Неговите фотографии станаа вирални.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote