Научниците ги советуваат министрите и прехрамбените гиганти во индустријата низ целиот свет да додаваат повеќе витамин Д во нивните производи, особено лебот и млекото, бидејќи тоа помага во справувањето со КОВИД-19. Повеќе од половина популација на Велика Британија има дефицит на витаминот Д и препораките на владата кон луѓето да внесуваат витамин Д не функционираат.
Ниско ниво на витамин Д, кој нашето тело го произведува кога е изложено на дирекна сончева светлина, можно е да донесе на поголем ризик на заболување од короната, или пак чувствување на потешки симптоми од инфекцијата. Минатата недела научниците од Шпанија пронајдоа дека 82% од оздравените пациенти имале ниско ниво на витамин Д.
Коментари
Loading…