in

СлаткоСлатко

Научниците го „оживеаја“ лицето на жената која починала пред 5.700 години

Кога во 2017 година археолозите откопаа скелет на жена опкружена со школки, не знаеја многу за неа, но со помош на современи технологии успеаја да го реконструираат нејзиното лице.

Во 2017 година, за време на ископувањата на неолитското наоѓалиште Гуар Капху лоцирано во северозападниот дел на Малезија, научниците пронајдоа скелет на женска индивидуа за која малку се знае.

Сепак, иако нејзиниот идентитет е мистерија, тие решиле да го реконструираат лицето на покојната и да дадат увид во тоа како некогаш изгледале жителите на овој дел од светот.

 

Скелетот на „Жената Пенганг“ беше еден од 40-те ексхумирани – откопани во неколку археолошки кампањи – а радиојаглеродното датирање на школките пронајдени расфрлани околу неа откри дека таа живеела за време на неолитскиот период пред околу 5.700 години.

Експертот за графика Цицеро Мораес објасни како работел заедно со истражувачите од USM за приближување на нејзиното лице со помош на компјутерска томографија, која ја користеле за скенирање на добро сочуваниот череп на жената и 3Д слики од современите Малезијци.

Тој додава дека врз основа на проценката на абењето на забите и шевовите на черепот, истражувачите утврдиле дека таа најверојатно починала на возраст од околу 40 години.

Откако го скенирал черепот, Мораес поставил маркери на виртуелната површина на главата, до кои стигнал врз основа на статистички студии спроведени на модерни популации. Потоа примени серија вкрстени референци за да добие идеја за тоа како би можело да изгледа нејзиното лице.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote