in

СмешноСмешно Што?Што?

Научниците откриле нов вид животно и го именувале по Новак Ѓоковиќ

FILE PHOTO: Serbian tennis player Novak Djokovic performs during the opening of a regional tennis centre that will prepare top tennis players for major tournaments, in Visoko, Bosnia and Herzegovina July 13, 2022. REUTERS/Dado Ruvic

Најдобриот српски тенисер во историјата веќе ја доби секоја можна државна награда и одликување, а сега академската заедница му оддаде посебна чест.

Научното списание Annales Zoologici Fennici објави труд во авторство на Среќко Ќурчиќ, Никола Весовиќ, ентомолог и биоспелеолог Драган Павиќевиќ од Биолошкиот факултет во Белград. Откриле нов вид инсект, па решиле да го именуваат по Ѓоковиќ – Дувалиус Ѓоковиќи.

Весовиќ во посебна објава на Инстаграм објасни зошто се одлучиле на овој потег. „Новак Ѓоковиќ – повеќе од 15 години овој човек ја радува целата нација, нѐ прави горди и за тоа време стана како член на семејството на сите. Тој не е само врвен амбасадор на Србија во светот , туку и најдобриот тенисер на сите времиња и еден од најдоминантните спортисти досега.

Имам чест и задоволство да го објавам откривањето на нов вид инсект од западна Србија, кој претходно ѝ беше непознат на науката. Станува збор за специјализирана, слепа, подземна буба (Coleoptera) од фамилијата на бубачки (Carabidae) пронајдена во јама кај Љубовија. Научен труд за описот на новиот вид неодамна бил објавен во истакнатото списание Annales Zoologici Fennici.

„Во знак на благодарност и чувствувајќи потреба на некој начин да му се оддолжиме на Новак, решивме да го именуваме новиот вид по него – Дувалиус Ѓоковиќ“, објави еден од луѓето кои го откриле новиот вид животно.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote