Кинески научници во источната провинција Шандонг пронајдоа фосилизиран трилобит со необичен облик на главата, кој датира од периодот од пред 500 милиони години.
Трилобитот долг четири сантиметри, наречен Phantaspis auritus, се карактеризира со глава со продолжен преден дел што има двојно зашилена форма што личи на зајачки уши, објави Институтот за геологија и палеонтологија на Кинеската академија на науките во Нанџинг.
Трилобитите се изумрена група морски членконоги кои живееле во океаните пред околу 520 милиони до 250 милиони години.
“Првпат гледаме трилобит со толку необичен изглед. Невообичаената форма на главата веројатно му помогна да лови храна или да ги збуни своите природни непријатели”, изјави научникот Џао Фангченг, истражувач на Институтот во Нанџинг.
Резултатите од студијата неодамна беа објавени во стручното списание Acta Palaeontologica Polonica.
Коментари
Loading…