in , ,

Што?Што?

НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ! Мајката мистериозно исчезна од породилната болница, таткото тврди дека не ги видел бебињата, ниту на слика!

Неодамна во светските медиуми се прошири веста дека Госијама Тамара Ситоле од Јужна Африка го сруши светскиот рекорд откако роди десет деца по природно зачнување.

 

Неодамна низ светските медиуми се прошири веста дека Госијама Тамара Ситоле од Јужна Африка го сруши светскиот рекорд откако роди десет деца, по природно зачнување. Но, сега има неверојатен пресврт во оваа приказна!

Имено, нејзиниот невенчан сопруг Тебого Цотеци тврди дека тој не верува дека таа некогаш родила десет бебиња. Тој посочи дека „тој никогаш не видел доказ дека има десет бебиња“.

 

Да потсетиме, медиумите објавија дека Госијаме родила седум момчиња и три девојчиња со царски рез во 29-та недела од бременоста во Преторија, што го сруши претходниот светски рекорд.

Семејството на таткото на овие бебиња даде изјава во која заклучија дека „нема десет чии родители се Тебого и Госијама Ситола додека не се докаже спротивното“. Тие исто така се извинија за непријатностите што ги предизвикаа.

Да бидат работите побизарни – никој не знае каде се Госија и новородените бебиња, а оваа 37-годишна жена во моментов е наведена како исчезната личност.

“Цотеци неколку пати се обиде да ги посети својата девојка и бебиња, но таа не откри каде се наоѓаат и каква е состојбата на нивните деца.‚‚ – изјави семејството Тебого за News 24.

Исто така, јужноафриканските власти истакнаа дека не можат да најдат докази дека жената навистина родила десет деца.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote