in

Њукасл му ја украде победата на Ливерпул во последните мигови од натпреварот!

Џокерот на Њукасл, Џо Вилок постигна драматичен изедначувачки погодок во 95тата минута од средбата против Ливерпул, со што не му овозможи на клубот од Енфилд да стигне до посакуваните 3 бода.

Раниот погодок на Мо Салах изгледаше дека ќе биде доволен за победа на екипата на Јурген Клоп и дека ќе стигнат до виталните 3 бода кој им беа неопходни за да стигнат до место кое носи во Лигата на Шампиони следната сезона.

Но и покрај раната доминација, Ливерпул не успеа да го заврши натпреварот како што посакуваше и Џо Вилок им ја украде победата во последната минута.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote