Воведена е дигитална пропусница во Њујорк за сите вакцинирани граѓани со цел да се овозможи повторно одржување на концерти, натпревари и други јавни настани во присуство на јавноста.
Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо најави воведување на дигитална пропусница наречена Excelsior, изработена во соработка со IBM.

Се обезбедува бесплатно, на доброволна основа и е прва во САД.
„Прашањето за јавното здравство и економијата беше погрешно поставено од самиот почеток, бидејќи одговорот мора да биде – и двете“, рече гувернерот Куомо.
Коментари
Loading…