in ,

WTFWTF Што?Што?

Нов бизарен тренд на TikTok: Зошто жените спијат со селотејп на челото?

На TikTok секојдневно се објавуваат неколку различни трикови, некои се исклучително корисни, но има и такви кои се крајно бизарни.

Во последно време, лепењето селотејп на челото во текот на ноќта стана полн погодок, а се започна откако една девојка ги објави резултатите од оваа практика.

Имено, таа спиела седум дена со селотејп на челото, а по само една недела кожата и била забележливо затегната, речиси без брчки.

Пластичниот хирург Ентони Џун открива дали навистина може да помогне, а одговорот ќе ве изненади.

„Со ставањето селотејп на челото генерално нема да се отстранат сите брчки што ги имате. Тоа е само начин да се потсетите да не ги движите веѓите премногу“.

Брчките на челото главно се резултат на изрази на лицето, односно тоа се линии кои настануваат поради активирање на мускулите на лицето. Бидејќи количината на важна компонента на кожата, колаген, се намалува со текот на времето, кожата повеќе не може целосно да се врати во претходната состојба по овие движења.

Значи, помалку движење на мускулите на лицето значи помалку брчки, но тоа не значи дека никогаш не треба да ја кревате веѓата или да се намуртите. Експертите велат дека најважно е да бидете сигурни дека вашето лице е опуштено кога одмарате, а ако лепењето на челото ќе ви помогне во тоа, во ред.

Селотејп, велат експертите, може да помогне да се спречи несвесното збрчкање на кожата додека спиете, па затоа жените ја нанесуваат навечер.

„Тоа нема да ги намали постоечките брчки, тоа е само потсетник да не се прави повеќе“, потсетува пластичниот хирург д-р Џун.

 

@shinebeautymalibu

Reply to @shellssweets #forehead #botox #tapetraining #aginggracefully #skincareroutine #shinemalibu #blog #trending

♬ Calm LoFi song(882353) – S_R

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote