in

ТаженТажен

НОВ КОРОНА ВИРУС: Овој пат потекнува од Јужна Африка!

Во Јапонија денеска е идентификуван уште еден, најнов вид на коронавирус, што е откриен во Јужноафриканската Република, соопшти јапонската Влада.

Ова е првпат овој нов вид на коронавирус да е регистриран во Јапонија, во која веќе се идентификувани повеќе од десет случаи на другиот вид на коронавирус, што брзо се шири низ Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.

Министерството за здравство соопшти дека жена од  30-тина години, која пристигнала во Јапонија на 19 декември, била заразена со новата варијанта на вирусот.

Јужноафриканските здравствени власти соопштија дека новиот вид може да биде одговорен за неодамнешното зголемување на бројот на заразени во оваа земјаа.

Јапонските власти одлучија од денеска да го забранат влезот за странци во земјата, во обид да спречат ширење на новиот, позаразен вид на коронавирус, што за првпат беше откриен во Велика Британија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote