in ,

“ДВЕ НЕДЕЛИ БИДЕТЕ ДОМА” – рече премиерот Заев и соопшти – Од утре полициски час од 20 часот и целосно затварање на угостителските објекти и фитнес салите

Од утре вторник (06.04.2021) стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот наутро, кој ќе трае до 20 април, во пресрет на затоплувањето, празниците, а со цел да ги одмориме здравствените работници, кои деноноќно се во битката за спасување на животите на пациентите, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

Забрана се воведува за посетители и гости во сите угостителски објекти, како и во угостителски објекти во хотели, мотели и на бензински станици. Оние кои вршат подготовка на храна, може да ја доставуваат преку онлајн или телефонски нарачки. Оваа забрана важи од 7 до 21 април.

Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и се забрануваат семинари, конференции, а во кладилници ќе смее само уплата на шалтер, не смее да се седи внатре.

„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.

Вчера беа регистрирани уште 35 починати. Бројот на починати од почетокот на пандемијата достигна 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.

Во Ковид-центрите низ државата се лекуваат вкупно 1.720 пациенти, а од нив 699 се во Скопје, додека 1.021 во другите градови.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote