in ,

СлаткоСлатко

Нова холивудска двојка: Ѕвездата на „The Hangover“, Бредли Купер и Хума Абедин

Се раѓа ѕвезден пар, Бредли Купер и Хума Абедин се гледаат, барем така тврдат странските медиуми.

Главниот соработник на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на обесчестениот политичар Ентони Вајнер – се гледа со актерот во последните неколку месеци според повеќе извори.

Нив ги претстави уредничката на Вог, Ана Винтур, која е блиска и со двете.

 

“Ана дефинитивно одигра важна улога. Таа е најдобра пријателка на Бредли и ја обожава Хума”, тврди извор.

„Тие се совршени. И двајцата се моќни и ја сакаат политиката“, додава изворот.

Според Page Six, парот пристигнал заедно на Мет Гал на 2 мај, а потоа се разделиле на црвениот тепих.

Инаку, Ана многу го поддржуваше Абедин во времето на секс скандалот на Вајнер. За потсетување, поранешниот демократски конгресмен од Њујорк во 2017 година беше осуден на 21 месец затвор поради испраќање фотографии со експлицитна содржина на малолетничка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote